СБ на ОН повика на прекин на се поинтензивниот и поширок конфликт во Етиопија
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска повика на прекин на се поинтензивниот и поширок конфликт во Етиопија и на овозможување непречен пристап до хуманитарна помош во таа земја.
Хуманитарната помош е многу потребна поради гладот во регионот Тиграј, најголемата ваква криза во светот во последните десет години.
Советот за безбедност на ОН ги повика сите страни во конфликтот да се воздржат од „потпалувачкиот говор на омраза и поттикнување насилство и поделби“.
Членките на Советот за безбедност на ОН ги повикаа сите страни „да ги прекинат непријателствата, да преговараат за траен прекин на огнот и да создадат услови за инклузивен дијалог на национално ниво за да се реши кризата и да се создаде основа за мир и стабилност низ целата земја“.
Заедничката изјава беше поддржана од сите 15 членки на Советот за безбедност на ОН, еден ден по првата годишнина од војната во регионот Тиграј, на северот на Етиопија, во која загинаа илјадници лица, а милиони се раселени.
Конфликтот ескалира во последниве недели, при што силите на Тиграј ги окупираа клучните градови долж главниот пат што води до Адис Абеба, главниот град на Етиопија, поврзувајќи ги со Ослободителната војска на Оромо, вооружена група со која формираа сојуз во август.
Војната избувна во ноември минатата година по неколкумесечни политички тензии меѓу етиопскиот премиер Абиј Ахмед и лидерите на Тиграј, кои со години беа најголемата сила во владата.
Силите на Тиграј вршат притисок врз етиопската Влада да ја прекине смртоносната блокада на шестмилионскиот регион, што беше воведена во јуни. Во Тиграј поради блокадата не пристигнува хуманитарна помош, а во прекин се и телефонските линии.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш минатиот месец изјави дека на најмалку 5,2 милиони луѓе во Тиграј имаат потреба од хуманитарна помош и дека најмалку 400.000 гладуваат.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран