Спорт плус
18. January 2016 - 15:15

Комплетирани двојки за 1/4-финалето на ЕП во ватерполо

 
Со одигрувањето на двата последни натпревари од осминафиналната рунда, комплетирани се двојките за четвртфиналето на Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград. 
 
Селекциите на Русија и Грција се двете последни кои се пласираа меѓу осумте најдобри, откако синоќа во ги добија осминафиналните натпревари, Русите против Германија со 9:6, додека Грција беше подобра од Романија со 15:9. 
 
Со тоа познати се и сите четири пара за четврфиналната рунда, која ќе стартува денеска со мечот Шпанија – Грција (од 18:45 часот), а потоа и Србија – Русија (од 20.15 ч.). 
 
Во истите термини, но утре ќе се играат средбите, Италија – Црна Гора и Унгарија – Хрватска, по кои пак ќе бидат познати паровите за полуфиналето.  

Ново на Сител