Илон Маск наскоро ќе стане првиот трилионер во светот
Светот наскоро би можел да го добие првиот трилионер, односно личност чие лично богатство ќе изнесува трилион (илјада милијарди) долари, предвиде американската инвестициска банка Морган Стенли, пренесува Гардијан.
Тоа ќе биде Илон Маск, кој моментално е најбогатиот човек на светот со проценето богатство од 241 милијарда долари.
Аналитичарите во Морган Стенли предвидуваат дека Маск, кој најголемиот дел од своето богатство го стекна во компанијата за производство на електрични автомобили Тесла, би можел да заработи многу повеќе пари од истражувањето на вселената преку неговата компанија SpaceX.
Аналитичарот Адам Џонс рече дека фирмата, основана во 2002 година, „го оспори секое однапред створено мислење за тоа што е можно и во која временска рамка е можно, во однос на ракети, возила за лансирање и поддршка на инфраструктурата“.
Тој додаде: „Неколку клиенти ни рекоа дека Илон Маск ќе стане првиот трилионер – тоа нема да биде поради Тесла. Други рекоа дека SpaceX на крајот може да биде највредната компанија во светот.
Џонс рече дека ракетите Starship за повеќекратна употреба на SpaceX кои можат да однесат луѓе и товар на Месечината и Марс имаат потенцијал да ги трансформираат очекувањата на инвеститорите во вселенската индустрија.
„Како што рече еден клиент: Да се зборува за вселената пред Starship е како да се зборува за интернет пред Google“, рече Џонс.
Џонс проценува дека SpaceX би можел да вреди 200 милијарди долари и ќе продолжи да расте бидејќи експлоатира голем број потенцијални индустрии, вклучувајќи вселенска инфраструктура, набљудување на Земјата и истражување на вселената.
Фирмата беше проценета на 100 милијарди долари во секундарни продажби на акции овој месец, што ја прави втората по големина приватна компанија во светот, зад онлајн фирмата ByteDance. Маск поседува приближно 48 отсто од SpaceX.
Маск го престигна Џеф Безос и стана најбогатиот човек на светот во јануари.
Индексот на милијардери на Блумберг проценува дека моментално има богатство од 241 милијарда долари, што е за околу 42 милијарди долари повеќе од Безос.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице