Герасимовски: Нема да дозволам прекумерно градење во Центар
Обезбедување на сите потребни услови за здраво и модерно живеење, доволно јавни сервиси и зеленило, строго почитување на законските прописи и строго и безусловно почитување на паркинг правилата при градба, најави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски.
Герасимовски посочи дека се залага за развој на општината, водејќи се по начелото „Урбанизација да, но не на штета на граѓаните“.
За организирано градење во Центар тој посочи дека во иднина планира продлабочувње на соработката со стручната фела во делот на урбанистичко планирање, партиципативното тело да функционира со совотедавна улога, оформување на општински тела во делот на екологијата, правење регистар на дрва од општината, станбен регистар за згради и куќи и конкурси за важните локации од јавен интерес.
-Носење на сите ДУП-ови кои ќе обезбедат хумана урбанизација и спасување на секој јавен простор и државно земјиште што ќе го намениме за граѓаните како и носење на ДУП-ови на приоритетни локации кои немаат воопшто или пак имаат многу стари планови кои мора да се донесат како Кале, Француски, Дуќанџик, најави Герасимовски.
Како што рече, во Центар следи и ревидирање на ДУП-овите. Герасимовски најави дека општинскиот совет нема да донесе ДУП кој нема да биде усогласен со Градскиот урбанистички план.
-Центар ќе биде зелен, со урганизирано градење какво што му доликува, изјави Герасимовски.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран