Ѓорчев: Владата на Заев продава сѐ
Одговарајќи на прашањето за што точно се преговара со Софија и со кои информации располага ВМРО-ДПМНЕ ги има во однос на преговорите со Бугарија, Влатко Ѓорчев рече дека тие го знаат истото што и цела Македонија.
- Ние го знаеме истото што и цела Македонија, а тоа е дека овие неразбрани трговци, кои седат во владата на Зоран Заев преговараат за се и се продаваат. Значи, се е на продажба. Македонските позиции кои со векови сме ги граделе, буквално со крв, пот и солзи се брише патос со тие позиции, се множи со нула се што е македонско и едноставно се раздаваат оние позиции кои се градени со векови, рече Ѓорчев во гостувањето во Тема на денот на Сител.
Според Ѓорчев, овие чекори кои ги презема Зоран Заев никогаш не би ги направиле ниту Киро Глигоров, ниту Борис Трајковски, ниту Благој Ханџиски, ниту Илинка Митрева, а слушнавме овие денови дека има жестоки критики од страна на поранешните претседатели, Ѓорѓе Иванов, Бранко Црвенковски, но и од актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски.
- Во ист ден сите тројца живи претседатели кои ги имаме на Македонија така жестоко да ја критикуваат владата тоа многу зборува, додава Ѓорчев.
Ново на Сител
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига
-
Најбогатите селебрити во 2025 година
-
Мбапе за понудите од други клубови: Мислев само на Реал
-
Приведен кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта