Мисајловски: До 31 март да се достават барањата за легализирање дивоградби
До 31 март годинава сите заинтересирани да поднесат барања за легализација на дивоградбите, апелира денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Мисајловски, кој присуствуваше на доделувањето решенија за легализација во Општина Илинден, потсети дека рокот за поднесување барања е пролонгиран, и наместо до 31 декември 2015, ќе трае уште цели три месеци.
- Рокот веќе тече. Сите што не поднеле барања, имаат нова можност тоа да го сторат до крајот на март, рече министерот.
Согласно последните законски измени, овие лица, кои до 31 март ќе поднесат барања за легализација, елаборатите можат да ги достават до крајот на 2017 година, додека за лицата кои веќе поднеле барања, рокот за елаборати е до крајот на 2016-та.
- Со измените на Законот овозможивме и легализација на објекти кои се наоѓаат на приватно земјиште. Ова беше едно од барањата на граѓаните, подвлече Мисајловски.
Според него, процесот на легализација се одвива добро. Досега се издадени преку 140.000 решенија од кои преку 46.000 во Скопје.
Општина Илинден е меѓу водечките во Македонија со легализирани 75 отсто или три четвртини од бесправно изградените објекти.
Како што информира градоначалникот Жика Стојановски, од стапувањето во сила на законското решение во 2011 година, од пристигнатите 6.150 барања за утврдување правен статус, решени се вкупно 4.640 предмети. По донесувањето на измените, пак, со кои се пролонгира рокот за доставување барања, досега се примени нови 80 барања за легализација.
- Минатата година Општина Илинден донесе повеќе урбанистички планови со вкупен опфат од 800 хектари што дополнително овозможи вклопување на бесправно изградените објекти, а тоа директно влијаеше на високиот процент на легализација, истакна Стојановски, додавајќи дека поволностите што ги нуди Општината придонесоа лани да се издадат и 206 одобренија за градење од кои 19 се за стопански објекти, 150 за станбени, а останатите за амбулана, градинка, улици, патишта и мостови.
Во Општина Илинден денеска беа беа доделени преку 30 одобренија за легализирање дивоградби, за семејни домувања, гаражи,...
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито