МЗ: Во саботата и вчера се аплицирани вкупно 18.292 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 722.578 граѓани. Прва доза вакцина во саботата и вчера примиле 9.240 граѓани, а вкупно се вакцинирале 18.292 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.253.612 дози вакцини, а ревакцинирани се 531.033 граѓани.
Со последните бројки 52% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, информираат од Министерството за Здравство.
Ново на Сител
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина
-
Трамп ќе биде првиот актуелен претседател на САД кој ќе присуствува на Супербол