Во пожарот во Горно Мелничани опожарени 10 хектари високо стеблеста букова шума
Пожарот кој вчера околу 17:00 часот избувна во атарот на селото Горно Мелничани, општина Центар Жупа е ставен под контрола, но и понатаму постои опасност од негово активирање, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската Територијална противпожарна единица.
Додава дека поради тоа пожарникари, како и вработени од подружницата на „Национални шуми“ остануваат на терен.
– Пожарот зафати голема површина со високостеблеста букова шума, односно околу 10 хектари. Според првичните сознанија пожарот најпрво се појавил во бараката каде што престојувале дрвосечачи, кои во моментот не биле тука и се проширил. Во гаснењето беа вклучени и вработени во подружницата на „Национални шуми“, полициски службеници, вработени во општина Центар Жупа, заедно со градоначалникот Аријан Ибраим, изјави Мифтароски.
Според него во изминатите денови од ова седмица имале десеттина интервенции во гаснење на пожари на отворен простор, но со многу мала површина и незначителна материјална штета.
Како што информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид, во врска со овој настан, полициските службеници лишиле од слобода осум лица, од нив шест од Куманово и две од Република Албанија.
По консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар, тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од селото Броштица, вработено во „Национални шуми“. По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст
-
Футсал: Македонија поразена од европскиот првак Португалија
-
СП во ракомет: Заврши бајката на Португалија, фаворитот Данска се пласираше во финалето
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија