Катица Јанева спроведена во затворот „Идризово”
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева попладнево е спроведена во затворот во Идризово, потврди за МИА директорот на КПД „Идризово“ Јовица Стојановиќ.
Спроведувањето следува откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда која сега веќе е правосилна, а со која таа е осудена на седум години затвор, додека Бојан Јовановски на девет години.
Поранешната специјална обвинителка е осудена за злоупотреба на службената положба, а Јовановски за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.
Во истиот случај со нив, за примање награда за противзаконито влијание, беше обвинет и Зоран Милески-Кичеец, но тој уште на првото рочиште во декември 2019 призна вина и доби затворска казна од три години затвор. Таа е правосилна и од октомври лани тој ја издржува во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга.
Ново на Сител
-
При претрес во Струмица пронајден е хашиш
-
Приведен кавадарчанец кој возел со 1.74 промили алкохол во крвта
-
Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош
-
Лавров: Учеството на севернокорејските војници во Курскиот регион го покажува непобедливото братство со Русија
-
Сиљановска-Давкова ќе се обрати и ќе го прогласи за отворено 65. „Охридско лето“
-
Русија во текот на ноќта жестоко ја нападна западна Украина со дронови и ракети
-
Работна посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај во земјава
-
САД му воведе визни ограничувања на кубанскиот претседател за неговата улога во „бруталноста на режимот“