Повеќе од 13 милиони Австралијци во карантин поради Делта сојот
Повеќе од 13 милиони Австралијци, околу половина од населението, се наоѓаат во блокада по најновите ограничувачки мерки воведени поради Делта сојот на коронавирус.
Како што јавува Би-Би-Си, сето тоа предизвикало голем гнев кај населението.
Државата Јужна Австралија, каде што живеат 1,7 милиони луѓе, во вторникот се приклучи на државите Викторија и Нов Јужен Велс во однос на воведувањето рестриктивни мерки.
Жителите на Јужна Австралија ќе мора да останат во своите домови седум дена, откако се заразија пет лица.
Според Би-Би-Си, до неодамна, Австралија беше фалена за стратегијата за затворање на границите, карантинските програми и брзите заклучувања, а од почетокот на пандемијата се регистрирани помалку од 1.000 смртни случаи.
Сепак, брзото ширење на многу заразниот сој Делта создаде нови предизвици за земјата и во прв план ја истакна ниската стапка на вакцинација, додава британскиот медиум.
И покрај блокадата на Сиднеј од минатиот месец, градот забележа 110 нови случаи, така што повеќе од 1.300 лица се заразени во последниот бран.
На граѓаните не им е дозволено да ги напуштаат своите домови освен ако одат по неопходни намирници, да вежбаат или имаат важни причини да излезат надвор.
Затворени се и градилиштата, како и продавниците за малопродажба.
Ново на Сител
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа