Спасовски: Пожарите можеме да ги спречиме сите заедно
Имаме летен период во кој на вака високи температури многу лесно може да дојде до опожарувања, коишто, за жал, можат да завршат фатално. Затоа, апелирам до секој еден граѓанин, посебно во руралните средини, да се однесуваме сосем одговорно, бидејќи, одговорното однесување значи внимавање да не дојде до опожарување и на поседите што ги имаме, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој посочи дека сега е период на жетва по кој луѓето честопати ги палат остатоците по нивите и тоа може да предизвика сериозни последици, а не помалку штетно, како што рече, е и палењето во шума.
Во однос на прашањето дали има доволно противпожарни возила за да се справат потенцијалните пожари, Спасовски со став дека веројатно има потреба од зголемување на бројот на противпожарни возила.
– Тоа е нешто што ќе придонесе да се подобрува овој сегмент. Сепак, има многу подобрување. Ако го споредиме бројот на лица кои беа вработени како пожарникари во 2017 година и сега, тој број е зголемен повеќекратно во рамки на противпожарните бригади. Тоа покажува дека се зголемува капацитетот, пред сè човечкиот потенцијал кој е важен, рече Спасовски.
Оцени дека за спречување на пожарите не се доволни само бројот на пожарникари и пожарникарски возила, заради тоа што пожарите може да се спречат ако работиме сите заедно.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија