Македонија
5. July 2021 - 10:23

218 санкционирани мотоциклисти на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (04.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 218 возачи, од кои, 59 возеле без возачка дозвола, 127 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопштува МВР.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.