Пожар на Кефалоња, превентивно евакуирано село
Превентивно е евакуирано селото Капандрити на грчкиот остров Кефалоња, поради шумскиот пожар што избувна денеска, а противпожарните служби интервенираат со седум авиони, два хеликоптери, 38 пожарникари со осум возила и три пешадиски тима, јави дописничката на МИА од Атина.
Според локалните медиуми, огнените јазици стигнале и до дворовите на дел од куќите, а градоначалникот на конкретниот дел од островот Теофилос Михалатос за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека пожарот е опасен поради силниот ветер и високите температури, а евакуацијата на селото била превентивна по препорака од началникот на противпожарната служба.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека на островот со брод пристигнуваат 14 пожарникари со седум возила од соседните градови Патра и Килини, за да помогнат во гаснењето на пожарот, што сè уште не е ставен под контрола.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија