Нова пратка на вакцини на „Астра Зенека“ пристигнува утре, а на „Спутник“ наредната недела
Имаме најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“. Вакцинацијата денеска се спроведува во сите вакцинални пунктови. Во текот на вчерашниот ден и завчера се вакцинирани околу 12.000 лица, а заклучно со вчера се вакцинирани 330.000 граѓани, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот истакна дека во процесот на имунизација се вклучени и центрите за масовна вакцинација, односно спортските сали и здравствените домови.
Тој потенцира дека вакцините се безбедни и дека не постои шанса да се пушти во промет лек доколку за тоа нема одобрение од Агенцијата за лекови.
– Вчера се покрена едно прашање околу документацијата, дозволите итн. Сакам да објаснам дека граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет, вклучувајќи и вакцина, доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес, изјави Филипче.
Министерот истакна дека започнале да излегуваат препораки и публикации за потреба од трета доза од вакцината против коронавирусот, но нагласи дека се уште нема цврст и јасен став околу тоа прашање.
– Никој не може за сигурно да каже каква ќе биде иднината во однос на вакцинацијата. Дали овие две дози ќе бидат доволни или можеби ќе биде потребна трета доза и сега се поставува прашањето дали од истиот производител или различен или трето сценарио, оваа вакцина да прерасне во форма на сезонска вакцина, додаде тој.
Филипче информираше дека теренската вакцинација е веќе започната во градовите каде што има лица кои се тешко подвижни, во помалите места, а од следната недела се очекува да биде спроведена поинтензивно.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања денеска ќе сведочи во Кривичен
-
Трамп е согласен со испраќање американски затвореници во Ел Салвадор
-
Вучевиќ за новиот мандатар на Србија: Мацут треба да донесе нова енергија
-
На Попова Шапка утрово -12 степени, во Крушево 24 сантиметри снег
-
Влада: Значително зголемени платите на вработените во здравството
-
Нетанјаху и Трамп во Белата куќа ќе разговараат за американските царини, Хамас, Иран...
-
Цената на биткоинот нагло падна
-
Тетовец загина во сообраќајка на патот Маврово - Дебар