Македонија
30. јуни 2021 - 11:22

Кај 61 и 69 годишни охриѓани пронајдени марихуана и 160 семки канабис

Кај двајца охриѓани пронајдени марихуана и 160 семки канабис сатива.

- На 29.06.2021 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода М.Ѓ.(61) и Ѓ.Ѓ.(69), двајцата од Охрид. При извршен претрес во стан во Охрид, што тие привремено го користеле, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и 160 семки од растението канабис сатива, информира МВР.

Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.