Во Гевгелија попладнево 41 степен, утре и во петок најтопло
До 17.30 часот попладнево измерени се максимални 41 степен во Гевгелија и 40 во Демир Капија, како и 39 во Скопје, 38 во Тетово и Струмица, 37 во Битола, Штип и Виница, 35 во Прилеп, 34 во Крива Паланка и Охрид, 33 во Претор, 31 во Берово, 30 во Маврови Анови и Лазарополе, како и 29 степени во Крушево. Најсвежо е на Попова Шапка, 25 степени.
Како што информира УХМР, во планинските подрачја на југоисток попладнево имало краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.
До крајот на денот ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје