Делови од Европа зафатени од поројни дождови
Поројни дождови проследени со грмежи донесоа заладување во некои делови од Западна Европа по претходно регистрираните високи температури.
Германската метеоролошка служба соопшти дека температурите на западниот и северниот дел на земјата за време на викендот се намалиле од над 30 степени Целзиусови на околу 20 степени по силниот дожд.
И Франција по неколку жешки денови беше погодена од силни грмотевици, што предизвика уривање на камбанаријата на една црква во едно село во централниот дел на земјата. Невремето оштети лозја и поплави куќи и јавни згради. Во Шампањ, ветровите достигнаа 137 километри на час. Француската национална метеоролошка служба регистрираше 44.000 громови само во саботата.
Најмалку 15 лица се удавија во Полска за време на викендот, а спасувачите тврдат дека најчести причини за давење се несовесноста, преценувањето на способностите за пливање и пливањето по консумирање алкохол.
Полицијата во Холандија соопшти дека се пронајдени две тела во реката Вал, притока на Рајна. Идентитетот на жртвите не е потврден, но полицијата во соседна Германија соопшти дека описот на телото одговара на описот на две девојчиња на возраст од 13 и 14 години, кои исчезнаа минатата недела додека пливале во Рајна близу Дуизбург. Трет тинејџер беше извлечен мртов од истата река минатата среда.
Повеќе од 19 лица се удавија во Германија во текот на изминатата недела.
Полицијата во Австрија потврди дека 26-годишен маж починал во неделата откако скокнал од карпа висока 40 метри во езерото Волфгангзе. Оваа недела Москва беше погодена од топлотен бран, со температури во неделата од над 30 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228