-->
-->
СЗО: Повеќе од половината сиромашни држави во светот немаат доволно вакцини против Ковид-19
-->
Повеќе од половина сиромашни држави кои добиваат вакцини против коронавирусот преку програмата за размена Ковакс немаат доволно залихи за да продолжат со вакцинацијата, изјави советникот во Светската здравствена организација, Брус Ајлвард.
– Би рекол дека од 80 земји АМЦ (сиромашни земји), барем повеќе од половина немаат доволно вакцини за да ги одржат своите програми за вакцинација, нагласи Ајлвард на брифинг.
– Некои од нив веќе воопшто немаат вакцини, додаде тој.
Во исто време, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, наведе дека разговара со бројни компании и институции за создавање центар за трансфер на технологија за вакцини против коронавирус во Јужна Африка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата