Македонците можат да се вакцинираат во Врање без закажување
Во Врање е можна вакцинација за граѓаните на Македонија без претходно закажување. Сè што треба да сторат е да донесат важечка лична карта – пасош или лична карта, јави РТС.
Според српскиот јавен сервис, на вакцинирање во Врање доаѓаат лица од сите делови на Македонија, а најмногу од Скопје и Куманово, како и цели семејства.
Во спортската сала во Врање од утрово вакцинирани се 353 лица, од кои 274 се државјани на Македонија.
-Немаме закажано, само што дојдовме, не примија. Сакам да му се заблогадарам на претседателот Александдар Вучиќ, алал да ти е човече, изјави за РТС на македонски јазик една жена.
Во анкетатат на РТС, македонските граѓани изјавија дека се дојдено фамилијарно и покрај закажаниот термин во Скопје, како и дека младите се уште не се повикани за вакцинирање.
-Денес имавме голема група и тие беа претежно млади луѓе, кои веројатно во својата земја вакцината би ја примиле многу подоцна. Сите се многу задоволни, среќни и благодарни, изјави д-р Љиjана Антиќ, директор на Здравствениот дом во Врање.
Таа додаде дека има доволно вакцини и дека ќе добијат доволен број вакцини за граѓаните од Македонија на кои на располагање им се вакцините на „Синофарм“ и „Фајзер“.
Вчера РТС соопшти дека за време на викендот во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер. До вчера во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на Република Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.
Во четвртокот претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара од Владата да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на Македонија, но српската влада, како што беше случајот со државјаните на БИХ се уште нема донесено одлука за бесплатна вакцинација на македонските државјани.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг