Ѓерлек: Државјаните на БИХ можат да се вакцинираат во Србија без пријава
Државнот секретар во српското Министерство за здравство Мирсад Ѓерлек денеска изјави дека на граѓаните на Босна и Херцеговина не е им е потребно повеќе да се пријавуваат за вакцинација против коронавирус во Србија преку е-управа, и да тие можат директно да дојдат до било кој вакцинален пункт во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Тие можат да дојдат на било кој пункт за вакцинација во Србија и да примат која било од вакцините што се достапни, изјави Ѓерлек за ТВ Пинк.
Тој оцени дека бројот на новозаболени во Србија опаѓа, но дека е загрижен за нееднаквиот одговор на вакцинацијата.
-Миграцијата, движењето на луѓето може да доведе до непредвидливи работи и вирусот од регионот може да се пренесе во друг, посочи тој.
Синоќа српската Влада во знак на солидарност и постигнување на колективен имунитет во регионот донесе одлука да им се овозможи на граѓаните на БИХ имунизација во Србија против Ковид-19.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како што јавија медиумите синоќа побара од владата да овозможи бесплатна вакцинација и за сите граѓани на Северна Македонија по сопствен избор.
Тие во Србија ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бајонтек“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник Ве“.
Ново на Сител
-
Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец
-
Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан и погонот Фордо се оштетени во американските напади
-
Хатами: Како и секогаш САД ќе добијат решителен одговор за злосторството против Иран
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија
-
Манчестер сити убедливо го порази Ал Аин на Светското клупско првенство
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија