ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не се крие и да каже дали ја прифатил бугарската декларација и поништување на македонскиот јазик?
Заев да каже дали прифатил дека македонскиот јазик, кој е уставен јазик во Република Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година? Ова стои во декларацијата на бугарскиот парламент, која се заговара за рамка при преговорите на Македонија со ЕУ.
Бугарската декларација предвидува системско отстранување на квалификативот „бугарски фашистички окупатор“ од сите текстови, споменици и плочи.
Дали Заев ја прифатил бугарската декларација која значи поништување на македонскиот идентитет, култура и идентитет?
Дали Заев со прифаќањето на декларацијата на бугарскиот парламент прифатил и дека Гоце Делчев е Бугарин, но и неговите современици од тој период на македонската историја?
Заев да излезе и да каже дали го прифаќа клучното барање во таа декларација според која во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Македонија“. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Македонија“.
Заев да не бега од одговори. Народ мора да знае што преговара Заев во негово име. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!
Ново на Сител
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин