Албанија од денеска со полесни ковид-мерки
Албанските граѓани од денеска се поослободени од дел од анти-ковид мерките, по речиси седум месец од нивното воведување.
Полицискиот час наместо во 22 ќе почнува во 23 часот и ќе трае како и до сега до 6 часот, заштитните маски на лицето повеќе не се задолжителни на отворен простор, се отвораат стадионите, театрите и кината, кои ќе работат со капацитет од 30 отсто, но остануваат затворени ноќните клубови и дискотеките.
Во зависност од епидемиолошката состојба, од 15 јуни полицискиот час ќе биде покус за еден час и ќе почнува на полноќ.
Во меѓувреме албанскиот премиер, Еди Рама, на Фејсбук објави дека во земјата пристига нова пратка со 11.700 вакцини од компанијата „Фајзер“, со што вкупната бројка на досега добиени вакцини е 858.750 дози.
„Продолжуваме без застој со процесот на вакцинација, со кој до сега се опфатени 776.461 граѓанин, главно постари лица и вработени во ризичните сектори. Нашата цел милион вакцинирани во текот на јуни е пред реализација“, напиша Рама.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци