Девет странски туристи ќе бидат депортирани од Кина
Кина соопшти дека ќе депортира девет странски туристи кои минатиот викенд беа притворени, бидејќи некои од нив наводно во хотелските соби гледале документарен филм за Џингис Кан, изјави претставник на двајца туристи.
Депортацијата на петтемина Јужноафриканци, тројца Британци и еден Индиец означува крај на случајот кој предизвика остри критики од меѓународната јавност.
Туристите, постари лица, приведени се во кинеската покраина Внатршна Монголија заедно со уште 11 членови на нивната група, кои биле на 47-дневна посета на Кина. По приведувањето 11 туристи се ослободени, а девет се задржани во притвор.
Кинеските власти по приведувањето го известиле британското Министерство за надворешни работи и една јужноафриканска хуманитарна агенција дека некои од туристите гледале „пропагандно терористички видео-материјали, поврзани со една забранета група“.
Кинеските власти не прецизираат за кое кривично дело се сомничат странските туристи, туку само дека се осомничени за кршење на законот.
Претставник на двајца туристи, 74-годишниот Хусаин Џејкобс изјави дека „недоразбиреањето“ најверојатно е поради видео-снимката за Џингис Кан, монголски восјководец од 13 век.
Тој тврди дека туристите еден ден пред приведувањето биле во Мавзолејот на Џингис Кан.
Ново на Сител
-
Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја
-
Седница на Советот на јавни обвинители
-
САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија
-
Битолчанец нападнат со кујнски нож додека си ја редел тезгата во „Новиот пазар“
-
Трамп ги оправдува царините од 35 посто за Канада поради кризата со фентанил во САД
-
Уапсен 74-годишник кој подметнал три пожари во тетовско
-
ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
-
Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти