Loading Video...
Македонија
17. May 2021 - 19:54

Процесот Брдо-Бриони заврши со заеднички став за интеграциите и со жестока расправа за прашањето Белград-Приштина

Промена на границите, нон пејпери, ЕУ и реформскиот пат...Тричасовна бурна дискусија на лидерите на земјите од Западен Балкан на Брдо Бриони процесот кај словенски Крањ.

Спорот помеѓу Србија и Косово не усепа да го остави состанокот без заедничка декларација. Ви заклучоците е нотирано билатерланите спорови да не бидат дел од агендата на состанокот, туку европскта ингтеграција на регионот.

Словенечкиот домаќин откри дека кавгата настанала кога на негова иницијатива, била отворена темата за евентуалното признавање на Косово.

„Така што, беше јасно дека можеме да започнеме таква дискусија, но никогаш немаше да можеме да ја завршиме. Јас сакав да дојдеме до одредени разултати врзани со мојот предлог, но тоа да биде разбрано како чекор напред, а не назад. Но беше јасно дека претседателот Вучиќ не сака да го признае Косово и тоа беше една бескрајна дискусија”, рече Пахор.

Во заедничката декларација за европската иднина се вели дека ЕУ мора да го забрза процесот на проширување, а балканските земји треба да ги забрзаат реформите.

„Неподелено беше мислењето, практично тоа го има и во еден од заклучоците на Декларацијата која тукушто ја усвоивме дека европското проширување кон Западниот Балкан е во застој од различни причини и тие причини не се само во регионот, има добар дел од нив и во Брисел, меѓутоа факт е дека потребен е нов поттик на евроинтеграциите. Во спротивно, некои други алтернативни модели на владеење,” рече Пендаровски.

Лидерите не посветиле време за македонскиот евроинтегративен проблем, но него по Самитот го коментираше хрватскиот претседател Милановиќ, констатирајќи дека Македонија се наоѓа во невозможна ситуација.

„Ова што сега е официјална политика на една земја-членка на ЕУ и го прави на Северна Македонија и јас го нарекувам „влегување во туѓо“, односно влегување во интимниот простор. Да се бара од една земја кандидат, која и во преговори за членство, во учебниците по историја својата национална генеза да ја дефинира, онака како што тоа го бара соседна држава. Тоа е влегување во интимен простор и тоа не се прави. И, на тоа, отворено ќе се спротивставам”, вели Милановиќ.