Италија го укина карантинот за патници од ЕУ, од Велика Британија и од Израел
Во Италија од денеска е укинат карантинот за патниците од земјите-членки на Европска Унија, од Велика Британија и од Израел. Но, за влез во земјтата и понатаму е потребен негативен тест на Ковид-19.
Минатата недела беше најавено укинување на карантинот за посетителите од ЕУ, од Израел и од Велика Британија со цел да се помогне на туризмот.
Во Италија за Велигден беше воведен петдневен карантин.
Италија, првата европска земја каде се појави Ковид-19, по строгите рестриктивни мерки воведени во текот на зимата и забрзаната вакцинација, бројот на новозаболени лица на дневно ниво се намали под 10.000. но, се уште е голема бројката на смртни случаи односно околу 200 починати од последици од коронавирусот на дневно ниво. Италија по смртноста е на второ место во Европа, по Велика Британија.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд