Супер милионер џек пот усреќи нов, петти добитник кој освои 9.224.579 денари
Петтиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ денес се појави во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија за да го подигне својата добивка во износ од фантастични 9.224.579 денари. Посака да остане анонимен, но ја сподели неговата среќна приказна.
Вели дека на 8 мај, во саботата, кога влегол во објектот на Златна копачка, во скопската населба Хром, имал намера малку да се релаксира и да се забавува, затоа што имал нервозен ден. Не ни помислувал на некоја поголема добивка, кога терминалот на Видеолотарија сигнализирал добивка СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Сумата од 9.224.579 денари е најголемата која некогаш ја добил во ваков тип на игри и допрва ќе размислува како и за што ќе ги потроши парите.
По вториот месец од активирањето на оваа добивка, ова е веќе петтиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Досега најголем износ успеа да освои првиот добитник на оваа добивка, фантастични 10.922.768 денари.
Денешниот ден и онака е посебен и во него веќе споделивме најубави желби за 41. роденден на нашето заштитно лице, Кире Лазаров, а можеше да стане посовршен само со уште една нова голема добивка од репертоарот на Државна Видеолотарија Касинос Австрија. Регистриран е уште еден, нов добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ и тоа во Прилеп, на сума од 1.616.504 денари.
Добивките на Државна Видеолотарија Касинос Австрија носат радост. Во игра се МИНИ ЏЕК ПОТ, во вредност од 4.000-5.000 денари, МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во износ од 1.200.000-1.800.000 денари и најомилениот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ кој може да достигне максимални 12.000.000 денари.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг