Шест словенечки полицајци од денеска на „Богородица“
Шест словенечки полициски службеници денеска започнаа со работа на македонско - грчката граница. Тие ќе ги извршуваат своите обврски заедно со македонската гранична полиција на подрачјето, кое го покрива полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“.
Како што денеска соопшти Амбасадата на Република Словенија во Скопје, словенечките полициски службеници по потреба ќе им помагаат и на македонските колеги во процесот на регистрација на бегалците во привремениот транзитен центар „Гевгелија“.
- Во работата покрај опремата и возилата, со кои вчера допатуваа од Словенија, ќе им помагаат и двете полициски кучиња Пан и Бојко, стои во соопштението.
Република Словенија во рамки на своите можности, се подвлекува, одговори на барањето на Република Македонија за материјална и логистичка помош при справувањето со бегалската криза, која го зафати регионот.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци