Германија подготвена да помогне за историските прашања но само ако Скопје и Софија побараат искуства
Германија смета дека спорот меѓу Скопје и Софија треба да се решава на билатерално ниво, меѓу експертите на двете страни и без притисоци однадвор. Шефот на дипломатијата Хајко Мас не гледа причина за инволвирање на трети страни, но ги понуди германските искуства доколку Македонија и Бугарија го сакаат тоа.
Мас и Османи се децидни дека и покрај бугарската блокада не треба да има одвојување на Македонија и Албанија во процесот на пристапување. Германскиот министер се заложи земјава што е можно побрзо да ги започне преговорите, а Османи потврди дека Скопје ги има исполнето сите критериуми за старт на процесот.
Германскиот шеф на дипломатијата ги отфрли сите нон пејпери во кои се предлагаат менување на границите и размена на териториите во регионот. Мас порача дека Германија отсекогаш застапувала политика на неменување на границите на Западен Балкан и дека спротивните тврдења се само фејк њуз.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар