-->
-->
Какви понуди добива Дарија
-->
Руската атлетичарка Дарија Клишина (30) признала дека свовремено била мета на непристојни понуди. Скокачката во далечина вели дека добила понуда од 200.000 евра секој месец да го напушти спортот и да стане ескорт-дама.
„Навистина, првпат во животот се соочив со таква понуда. Мојата реакција беше брза и кратка – `Не сум заинтересирана`“ – изјави Русинката.
Таа рече и дека ситуацијата не ја погодила, не ја потресла.
„Не би рекла дека таа ситуација премногу ме погоди, без оглед на тоа што првпат се најдов во таква ситуација. Ниту за момент немав дилема во врска со понудата затоа што се почитувам себе си, размислувам правилно и се потпирам на својата интуиција“ смета Клишина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг