Македонија
2. May 2021 - 17:22

Пронајден хероин кај 33 годишен стружанец

Вчера во 16,10 часот, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Ф.Ш.(33) од струшкото село Велешта, информираат од МВР.

При преглед на патнички автомобил „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен на улицата „Боро Калајџиески“’ во Струга, во кој бил сопатник, кај него пронајден и одземен хероин. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе кривична пријава според членот 215 од Кривичниот законик.