Свет
26. April 2021 - 14:56

Удар врз италијанската мафија: Уапсени околу 100 лица во Бари

Италијанските власти уапсија 99 лица под сомнеж дека се поврзани со локалната мафија во јужниот град Бари, објави АНСА.

Се претпоставува дека уапсените се членови на мафијашка група, кој дејствува во административниот центар на провинцијата Апулија.

Против нив се покренати обвиненија за вмешаност во мафијашка група, рекетирање и тепачки, како и за злосторства поврзани со трговија со дрога и оружје.

Меѓу уапсените, 96 добиле мерка „постојан притвор“, а тројца се ослободени и се наоѓаат во домашен притвор.

Судска постапка за поврзаност со мафија во Италија се води против 147 лица.