Уапсени две лица поради пожарот во Атина
Грчката полиција денеска во Атина уапси две лица, едниот Грк, а другиот бугарски државјанин, под сомнение дека случајно предизвикале шумски пожар, кој се прошири кон североисточните предградија на главниот град на Грција.
Двајцата мажи на возраст од 67 односно 58 години ќе бидат изведени пред суд под сомнение дека случајно предизвикале пожар.
Пожарот што вчера избувна во североисточното предградие на Атина, Кареас, во подножјето на планината Имитос, брзо се прошири и се закануваше дека ќе зафати уште две населби. Огнот утрово е ставен под контрола.
Другиот пожар на островор Пелопонез, во близина на пристаништето Неаполи, уништи неколку куќи и голема површина обработливо земјиште.
Вчера ширум Грција регистрирани се околу 80 пожари, а денеска има пожар на островот Скирос.
Грчките власти предупредуваат дека поради силните ветрови голема е опасноста од избивање на нови пожари.
Ново на Сител
-
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево
-
Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање
-
Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар
-
Голем пожар на Тасос, туристите се евакуираат
-
ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година
-
Едно лица смртно настрада во сообраќајка во близина на Охрид
-
Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово
-
Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца