Гејтс: Можеме да видиме дека доаѓа крајот на пандемијата
Светот се немаше подготвено за пандемијата на коронавирусот ни приближно колку што требаше, оценува филантропот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во интервју за „Скај њуз“, во кое додава дека вакцината ќе им помогне на луѓето да се вратат во нормала.
Тој, исто така, зборуваше за тоа како неговата Фондација АКТ-А помогна да се мобилизираат ресурсите и каква улога играше во ставање под контрола на пандемијата.
-Кога пандемијата не погоди, сфативме дека тоа е глобален проблем и мораше да организираме ресурси на глобално ниво. Многумина помогнаа, особено Велика Британија, Франција и САД, и заедно со Светската здравствена организација и нашата фондација тие рекоа, ’добро, што можеме да сториме’, рече Гејтс.
“ЦЕПИ (Коалиција за иновации во подготвеноста на епидемии) помогна во истражувањето на вакцините, ГАВИ (Алијанса за вакцинација) ги купи вакцините, Глобалниот фонд финансираше терапии базирани на кислород. Тоа го стори АКТ-А, ги искористи сите дополнителни ресурси и ги координираше на глобално ниво“, рече основачот на „Мајкрософт“ за „Скај Њуз“.
-Од исклучително значење е што го сторивме тоа, бидејќи светот не се подготвуваше за пандемијата ни приближно колку што требаше. Учевме попат, но јас би го рекол -да, делумно заради тоа што го стори АКТ-А, делумно заради парите што за развој и истражување ги дадоа САД, сега имаме вакцини и гледаме дека на оваа пандемија ќе и дојде крајот, рече Гејтс.
Ново на Сител
-
Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани
-
Полициска акција во врска со пожарот во „Пулс“
-
Русија назначи преговарачи за разговорите со САД в понеделник за Украина
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица