МВР со детали за инцидентот во Велес: 12-годишното девојче истепало две врснички
Дванаесетгодишна велешанка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години, додека тоа и се јавувало на телефон на мајка и и барало помош. Други девојчиња наместо да му помогнат на нападнатото девојче го снимале вознемирувачкиот настан, а видеото се шири на социјалните мрежи.
Случајот во полиција бил пријавен вчера, а се случил 17-ти овој месец околу 16.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Велес.
Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека пријавеното девојче за два дена злоставувало две малолетни двеојчиња, како и дека полицијата во соработка со Центарот за социјални работи работи на овој случај.
Тој, исто така, информира дека од граѓани било пријавено оти и наредниот ден – на 18 април околу 15.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес.
-Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните. Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете, појасни Додевски.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска