Евидентирани 99 409 лица преку апликацијата за самопопишување
Преку апликацијата за самопопишување заклучно со денешниот ден се евидентирани 99 409 лица.
Преку апликацијата се регистрираат македонските државјани кои се во странство поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци.
Процесот на самопишување почна на 1 март, а ќе се одвива до 21 април 2021 година. Најмногу лица се регистрирани од Швајцарија, Германија и Италија.
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот фејсбук-профил објави дека досега се самопопишале 99 500 лица од дијаспората, од кои само во изминатите 24 часа над 11 500 лица.
– Нашата дијаспора навистина е најдобра на свет. Попишувајте се на https://census.stat.gov.
Од 1 март до 15 март се попишуваа вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица како и сите лица – државјани на Република Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.
Тие заедно со затворениците и бездомниците се попишуваа во првата фаза која на прес-конференција беше оценето дека е успешно завршена.
Пописот на населението во земјава ќе се спроведува од 1 до 21 април 2021 година. Државниот завод за статистика објави и дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, за кој заинтересираните кандидати требаше да се пријават до 20 март 2021 година.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија