Над 22 илјади лица евидентирани преку апликацијата за самопопишување
Вкупно 22.253 лица се евидентирани преку апликацијата за самопопишување. Податокот, како што стои на веб страницата на Државниот завод за статистика, е до денеска до 8 часот.
Попишувањето од странство преку електронската апликација започна на 1 март, а опфатени се вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства, како и македонските граѓани кои престојуваат во странство поради работа или други причини подолго од 12 месеци. Попишувањето на овие граѓани ќе се врши до 21 април.
До апликацијата за попишување наменета за дијаспората може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со закон.
Предвидено е собраните податоци преку апликацијата да се споредат со податоците од претпописната база на податоци. Бројот на самопопишани лица преку апликацијата, како што велат од ДЗС, не значи по автоматизам број на резидентно население на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата