Материјална штета по земјотресот од 6,2 степени по Рихтер во Грција
По силниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтеровата скала што напладне беше регистриран во централна Грција, материјална штета претрпеа најмалку две цркви, едно училиште и неколку објекти во грчките села во близина на епицентарот, а нема информации за повредени или жртви, јави дописничката на МИА од Атина.
За час и половина следеа уште 11 други земјотреси, од кои еден од пет степени, а осум над четири степени според Рихтеровата скала, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.
Жителите на Лариса и околните места се вон нивните домови, а со одлука на периферијата затворени се училиштата во целиот регион.
Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека се мобилизирани сите спасувачки екипи, додека пак по наредба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, владин тим се упатува кон регионот во кој се случи земјотресот.
Ново на Сител
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката