Анкета: Повеќето Германци сакаат олабавување на мерките
Колку подолго трае заклучувањето, толку повеќе се намалува поддршката на германските граѓани за владините мерки, покажуваат најновите резултати од анкетата на весникот „Велт“.
Според анкетата објавена денеска, 63 проценти од граѓаните сè уште ги поддржуваат мерките. Во ноември процентот беше 69, а во септември дури 73 проценти.
Во исто време, мнозинството од 59 проценти од граѓаните сакаат релаксирање на мерките. Во ноември само 43 проценти од испитаниците изјавиле така, објави „Дојче веле“.
Огромно мнозинство од 95 проценти велат дека ги почитуваат правилата. Единствено отстапување се забележува кај млади луѓе на возраст од 18 до 25 години. Тука, секој осми испитаник вели дека не ги следи правилата за време на пандемијата.
„Политичарите сметаат дека поддршката за мерките исчезнува“, пишува „Велт“.
Тековната блокада трае до 7 март, а во среда (3 март) канцеларката Ангела Меркел ќе се состане со покраинските премиери на видео конференција за да одлучат како ќе се продолжи.
Во моментов, во повеќето провинции се отворени само продавниците за основни намирници, како што се супермаркетите, аптеките и бензинските пумпи.
Од понеделник и фризерите ќе имаат право да работат.
Во повеќето провинции, училиштата се повторно отворени, но на некои места одделенијата се проретчени или родителите сè уште можат да ги чуваат своите деца дома.
Покрај тоа, забранети се собири на приватни простори. Дозволена е средба најмногу со една личност која не е од сопственото домаќинство.
Здружението на лекари за интензивна нега бара заклучувањето да се продолжи до крајот на март, бидејќи последниве денови бројот на новорегистрирани инфекции во Германија повторно се зголемува – околу 8.000 на ден.
Масовната вакцинација се очекува во април, со надеж дека до лето секој граѓанин ќе има можност да се вакцинира.
Во анкетата објавена од „Велт“, 69 проценти од граѓаните сакаат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо