-->
-->
Микел: Сега атмосферата е подобра
-->
Фудбалерот на Челзи, Џон Оби Микел, рекол дека отказот кој го доби Жозе Мурињо и доаѓањето на Гус Хидинк ја вратил позтивната атмосфера во тимот.
Челзи по заминувањето на Мурињо, славеше над Сандерленд (3:1), а потоа две средби со Хидинк на клупата одигра нерешено, против Ватфорд (2:2) и Манчестер Јунајтед (0:0).
„Сега сè е во ред и се надевам дека ќе почнеме да бележиме подобри резултати. Жозе е одличен стратег, но не е секогаш таков и како човек. Фудбалот некогаш знае да биде свиреп и тогаш мораш да најдеш сили за да продолжиш понатаму. Ќе видиме дали неговото заминување беше вистинскиот потег“, рекол Нигериецот.
Челзи под водство на Хидинк првата победа ќе ја бара на 3.јануари, кога ‘сините’ ќе играат против Кристал Палас.
„Гус смени малку работи. Но да се разбереме, ние не сме без причина во долниот дел од табелата, но секако дека сакаме да го поправиме нашиот пласман. Три натпревари сме без пораз и тоа значи дека малку напредувавме“, дополнил Микел.
Челзи по 19 натпревари во Премиерлигата се наоѓа на 14-то место на табелата со 20 бодови, 19 помалку од лидерската двојка Арсенал и Лестер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трипуновски: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје
-
Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина
-
Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево
-
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
-
27 лица загинаа во израелски напади во Газа
-
Црна Гора го одбележува Денот на државноста
-
Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан