Востоличен српскиот патријарх Порфириј
Со Света архиерејска Литургија во Соборниот храм во Белград, која ја служеа членови на Синодот на Српската православна црква свечено е востоличен новиот 46-ти српски патријарх, патријархот Порфириј.
Патријархот Порфириј е воведен на тронот на архиепископот Печки, митрополит белградско-карловачки и срспки патријарх. По интронизацијата во Соборната црква на Св. Архангел Михаел, патријархот Порфириј треба да биде воведен на престолот на српските патријарси во Печката патријаршија, историското седиште на поглаварите на Српската православна црква. За тој датум јавноста ќе биде информирана подоцна, соопштија од Српската православна црква.
На литургијата присуствуваа голем број граѓани, повеќе свештеници – без заштитни маски, а беа присутни повеќе министри на српката влада на ќело со премиерката Ана Брнабиќ, претседателот Александар Вучиќ и српскиот член на претседателството на БиХ Милорад Додик.
Новиот 46-ти патријарх на Српската православна црква Порфириј, кој на тоа место го наследи покојниот патријарх Иринеј, беше избран вчера на изборниот Собор, што се одржа во криптата на црквата Свети Сава на Врачар во Белград.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска