Активирана веб-страницата за пријавување за вакцинација против Ковид-19
Веб страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19, почна да функционира.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека секој ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни.
Освен по електронски пат со регистрација на веб страницата за вакцинација ( https://vakcinacija.mk/ ) , пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.
Утврдено е како ќе се спроведува процесот на вакцинација против Ковид-19. Капацитетот за вакцинирање изнесува по 880 лица дневно во сите поликлиники во Здравствениот дом во Скопје и дополнителни близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје. Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години.
Засега се пријавени четири илјади работници, од кои околу две илјади се во Скопје, останатите се во другите градови. Таму вакцинацијата ќе се спроведува во пунктови по примерот на вакцинацијата за сезонски грип, така што во првиот момент кога вакцините ќе стигнат може и практично да започне процесот на вакцинација
До крајот на месецов во државава се очекува да пристигнат 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, а премиерот Зоран Заев најави дека следната недела можно е да пристигнат и вакцини од „Фајзер“. Во март се очекуваат вакцините на „АстраЗенека“ согласно КОВАКС механизмот.
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина