БиХ во февруари ќе добие 23.400 вакцини од Фајзер и до 259.200 од Астра Зенека
Министерството за цивилни работи на БиХ денеска доби известување и потврда од Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ) дека испораката на вакцини во БиХ ќе започне во средината на февруари.
Бројот на вакцини произведени од компаниите „Фајзер/Бионтек“ кои БиХ ќе ги добие во средината на февруари е 23.400 дози, додека бројот на вакцини од „АстраЗенека / СКБИО“, што БиХ ќе ги добие во средината или крајот на февруари, е од 153.600 до 259.200 дози.
„Ние сме многу среќни што можеме да споделиме со вас писмо од директорот на Ковакс, кое ги содржи најновите информации за дистрибуција на вакцини за БиХ преку механизмот Ковакс. Ова писмо се однесува на наменска дистрибуција која е прецизно креирана за БиХ“, се вели во соопштението на Министерството.
Посочено е дека се работи само за прва алокација за БиХ. Станува збор за вакцини кои го добиле потребното одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА) и се одобрени од Светската здравствена организација (СЗО).
Ново на Сител
-
ДОМ: Ја напуштаме коалицијата со СДСМ
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет