На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 334 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 19 во ковид центарот во Гостивар 21, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 14, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 579 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник
-
Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
-
Приведен осомничен крадец во Куманово
-
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир