Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ следниот месец може да биде одобрена за употреба
– Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ следната недела треба да ги објави резултатите од третата фаза на тестирање на својата вакцина против коронавирус, пренесува Си-Ен-Би-Ес.
Компанијата наведува дека резултатите ќе бидат сеопфатни и многу инклузивни во однос на опфатот на различни групи засновани на етничка припадност, возраст, географско подрачје, вклучително и Афроамериканци, Латиноамериканци и стари лица.
Како што се наведува, можно е да има разлика во резултатите од тестовите на места како што е Јужна Африка, каде што е откриен нов многу заразен мутиран вид на вирусот.
Вакцината на компанијата „Џонсон и Џонсон“ може да биде одобрена за употреба веќе следниот месец.
За разлика од другите вакцини лиценцирани во САД, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ не се дава во две дози во растојание од три до четири недели, туку бара само една доза, поедноставувајќи го целиот процес на имунизација.
Ново на Сител
-
На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија
-
На набљудувач му ги дупнале гумите на автомобилот во Радуша
-
Се гласа во сите избирачки места во Тетово, на две места со употреба на УВ-ламба и отпечаток од прст
-
Во Прилеп до 9 часот гласале 6,69 за претседателските, а 6,52 за парламентарните
-
Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5.4 проценти
-
Во Демир Капија 10,42 отсто излезност до девет часот
-
Во Велес до 9 часот гласале 6,36 проценти за претседател и 6,29 проценти за пратеници
-
Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и град