Судири на полицијата и демонстрантите во Холандија на протестите против епидемиските мерки
Холандската полиција употреби водени топови за разбивање на протестите организирани поради ограничувачките мерки против коронавирусот во центарот на Амстердам и уапси повеќе од 100 лица поради фрлање камења и употреба на пиротехнички средства.
Протестот се случи еден ден откако Владата воведе ноќен полициски час, првпат по Втората светска војна.
Меѓу демонстрантите имаше и сопственици на ресторани кои се спротивставуваат на „заклучувањето“.
Протест се одржа и во саботата вечерта, кога беа уапсени 25 лица низ целата земја и беа изречени 3.600 казни за кршење на полицискиот час.
Полицијата во Ајндховен исто така употреби водени топови и солзавец против стотици демонстранти и предупреди да се избегнува центарот на градот.
Во саботата вечерта, во текот на првата вечер од полицискиот час, демонстрантите запалија лабораторија за тестирање на коронавирусот во холандското рибарско село Урк и фрлаа петарди.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата