Анкета за бројот на лица во старските и во домовите за лица со посебни потреби заради планирање на вакцинација против Ковид-19
Министерството за труд и социјална политика испратило барање до приватните и државните старски домови, како и до Специјалниот Заводот Демир Капија, Заводот за рехабилитација на деца и младинци, Заводот за заштита и рехабилитација – Банско, за бројот на лица корисници на нивните услуги, со цел да се добие вкупна бројка на оние кои би влегле во системот за вакцинација против Ковид-19.
Од Министерството велат дека повратни информации веќе се добиени и оти тие се доставени и до Министерството за здравство со цел да се направи сеопфатна анализа на лица кои би биле приоритетни за вакцинација.
Во однос на заинтересираноста на вакцинацијата кај лицата згрижени во овие домови, посочуваат од МТСП за МИА, ќе биде направена дополнителна анализа.
Тој вели дека сосем добро може да го спроведат процесот на имунизација и притоа посочи дека граѓаните ќе се вакцинираат по приротиет, така како што се дефинирани групите.
– Вчера имавме разговор со претставништвото на „Фајзер“ во Белград и таму се работи на двата договора – нашиот драфт договор за нашите 800 илјади дози и дозволата српските власти да ги дадат фајловите за ние да ги увеземе тие вакцини од нивната земја. Веднаш кога ќе ги добијат фајловите и дозволата ние сме спремни да ги примиме, рече Филипче.
Старите лица, хронично болните и здравствените работници се посочени како групи кои треба да имаат приоритет при вакцинацијата.
Ново на Сител
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците