Променливо облачно и потопло време за викендот, од понеделник заладување
Потопло време со сончеви периоди не очекува до понеделник, по што поради продор на студена воздушна маса ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег.
Според прогнозата на УХМР, утре времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат над нулата освен во Берово (минус два). Максималната дневна ќе се движи од пет до 13 степени. Во Скопје утринската ќе биде нула, а дневната ќе се искачи до девет степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди, за време на викендот со умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.
Денес и утре слаби врнежи од дожд ќе има во западните делови. За време на викендот, претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.
Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот повторно ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места, а од вторник снег се очекува и на некои пониски места.
За време на викендот утринските темепратури над нулата, а дневните од седум до 12 односно до 14 степени. Во вторник и среда минималните температури од минус три до два, односно од минус седум до минус два, а дневните максимални од два до девет, односно од минус еден до пет степени.
Ново на Сител
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник
-
САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност