Македонија
13. January 2021 - 9:10

395 санкции за неносење маска во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.01.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 395 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.