Штипски „Гласен Текстилец“ за шест дена примилe над 70 пријави за неисплатен К-15
Воопшто неисплатен или уплатен минимален износ од 250 до 2000 денари добиле над 70 текстилни работници во земјава, кои пријавите и поплаките ги доставиле до штипската невладина „Гласен Текстилец“.
Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакнува дека годинава е зголемен бројот на рабодотавци кои се охрабриле и воопшто да не го исплатат регресот за годишен одмор, а имаат и пријави од работници и во компании кои се членови на синдикатите.
– Имаме исплатено износ од 2000 денари и тоа го имаме во фирма во Делчево каде што се организирани во синдикат и воопшто не исплатен регрес во фирма во Скопје, која исто така е со членство во синдикат. Комапниите за жал ги користат аномалиите во колективниот договор, а кои со години се провлекува, вели Ампева.
Таа посочи дека и на трудовиот инспекторат му се врзани рацете, зашто тие можат да реагираат само онаму каде што на работниците по овој основ не им е уплатен ниту денар. – Таму се дава решение од страна на Државен трудов инспекторат. Обично тоа се рокови од 8 до 15 дена, па подоцна доколку работодавачот не го исплати регресот за годишен одмор во никаква сума, следуваат казни и слично, додаде Ампева.
Потенцира дека овој проблем се провлекува со години наназад, а работодавачите ја користат аномалијата од колективниот договор, која им овозможува минимална исплата и од 100 денари доколку фирмата работела со загуба. – Моментално загубата во нашата држава е манипулација. Ние имаме работодавачи кои што во месец декември си купуваат, си го обновуваат сопствениот или личен возен парк и тоа го пријавуваат како загуба или како инвестиција. Не е загуба и не е инвестиција, ако си се подновите со ново „Бентли“ или нов „Туарег“ или не знам што, вели Ампева
Таа забележа дека исплатата на К-15 мора да биде јасно прецизирана во новиот Закон за работни односи и да не се прави дискриминација меѓу приватен и јавен сектор.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле