Во периодот јануари – ноември 2020 година Албанија ја посетиле 3,7 милиони туристи помалку
Пандемијата со Ковид-19 предзвика колапс во туристичкиот сектор во Албанија, што го потврдуваат бројките на туристи кои ја посетиле Албанија во перодот јануари – ноември 2020 година,кои не се ни половина од оние во истиот период претходната година.
Според Институтот за статистика, ИНСТАТ, за еднаесет месеци на албанска територија влегле околу 2,4 милиони туристи, наспроти 6,1 милион колку што престојувале во 2019 година.
-Ограничувањето на движењата и затворањето на границите заради пандемијата создадоа драматична ситуација за туризмот каде што бројот на туристи е преполовен оваа година. Поконкретно, во периодот јануари – ноември Албанија ја посетија 2,4 милиони луѓе, што е огромно намалување во споредба со 2019 година, кога имавме над 6,1 милион туристи. Во проценти, падот изнесува 59,5 отсто,наведува ИНСТАТ.
И покрај значителното намалување, Албанија останува омилена дестинација за косовските Албанци, каде што според извештаите, 1,3 милиони од нив ја преминале границата.Иако е охрабрувачка, бројката е помала за 40,4 отсто во споредба со годината што ја оставивме зад нас.
Најголем пад е забележан кај шпанските туристи со 90,7отсто. Престојувале 2.613 наспроти 28.167 претходната година.
Секако пандемијата влајела и врз бројот на албанските граѓани кои патувале во странство,кој бележи пад од околу 53,5 отсто.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата